Choose languageLanguage

Најраспространетиот систем за попис на основни средства во Adriatic регионот

Многубројни функционалности за оптимален попис на основните средства
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ

Многубројни функционалности за оптимален попис на основните средства

Frontman FIND е апликациски посредник помеѓу рачниот мобилен компјутер и сметководствениот или ERP програм. Системот овозможува брз и точен електронски попис на основните средства по локации, трошковни места, задолжени лица и сериски броеви.

Брз и прецизен попис
Резултатите од пописот на основните средства можат да се уредуваат во реално време. На располагање е точен преглед на основните средства, добиените податоци лесно можат да се филтрираат или да се префрлат во MS Excel.
Истовремена работа на повеќе попишувачи
Не постои ограничување на бројот на корисници, а пописот може да се изврши и со помош на мобилен телефон. Точните информации за корисниците на системот и основните средства кои ги попишале можете да ги употребите во подготовката на записниците за пописот.
Можност за поврзување со голем дел од сметководствените програми
Frontman FIND може да се поврзе со голем дел од сметководствените програми и поддржува едноставен пренос на податоците во ERP системите.
Точна историја на попис
На едноставен начин можете да ја проверите историјата на сите пописи кои се изведени на едно основно средство. 
Основните средства можете да ги фотографирате
Со фотографирањето, корисниците можат многу поедноставно да ја проценат состојбата на основните средства и на тој начин да го олеснат отписот на средствата кои не се за понатамошна употреба.  
Напреден систем за известување и статистика
Одделни извештаи за секој попис и извоз во MS Excel.
ДЕМО ВЕРЗИЈА

Запознајте го Frontman FIND во живо!

Frontman FIND поседува се што е потребно за еден ефикасен електронски попис на основни средства. Затоа предлагаме решението Frontman FIND да го тестирате самостојно, со цел да се уверите во неговите функционалности.

Нарачајте бесплатна тест апликација

Нарачајте бесплатна тест апликација

Ве покануваме да ги проверите функционалностите на решението Frontman FIND. Кликнете на линкот подолу за да добиете бесплатен 14- дневен пристап. На ваше барање можеме да ви презентираме како апликацијата функционира во живо.

Видео приказ за функционирањето на решението

Видео приказ за функционирањето на решението

Во краткото видео ги опишавме клучните функционалности на решението Frontman FIND и ги истакнавме главните предности за негова употреба во споредба со класичните методи на попис на основни средства.

ЗОШТО FRONTMAN FIND Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ВАС?

1
Најраспространет систем за попис на основни средства во Adriatic регионот
500 +
успешно завршени инсталации
30 +
години искуство
10 +
стручњаци во развој
За прецизен и брз попис на основни средства  без грешки
ОПИС НА РЕШЕНИЕТО

За прецизен и брз попис на основни средства без грешки

Frontman FIND е решение кое се базира на употреба на баркод. Означете ги основните средства и локациите со етикети со баркод, кои при пописот едноставно ги одчитувате. На тој начин, пописот ќе биде многу побрз и попрегледен. 

ОПРЕМА

Опрема за попис на основни средства

Подобрете ја ефикасноста на пописот со напредните читачи, технолошки софистицираните печатари и ценовно прифатливиот потрошен материјал. 

Мобилни компјутери

Мобилни компјутери

Напредните мобилни компјутери овозможуваат ефикасен попис на основни средства, нагодувајќи ги за различни локации. Истите можат да одчитуваат баркод или RFID tag-ови.

Испратете барање
Баркод читачи

Баркод читачи

Баркод читачите овозможуваат брзо и сигурно читање на 1D или 2D баркодови. Одбирате помеѓу баркод читачи со различна оддалеченост на читање, со различен облик и робусност. За непречена работа во магацинот на располагање се и безжични читачи. 

Испратете барање
Печатари на етикети

Печатари на етикети

Клучен елемент на магацинското работење е печатарот на етикети. Нудиме различни видови термални печатари од водечките светски производители. Обезбеден сервис, поддршка и испорака на потрошен материјал.  

Испратете барање
Потрошен материјал

Потрошен материјал

За сите печатари од нашата понуда нудиме испорака на етикети и рибони. Потрошниот материјал е потврден од страна на производителите и на печатарот му овозможуваат долг животен век и пониски трошоци на печатење. 

Испратете барање

Што можеме да направиме за вас?

Секоја компанија има свои потреби и барања. Заедно можеме да најдеме вистинско решение кое ќе ви помогне да ги реализирате своите цели а притоа да не ги надминеме вашите финансиски рамки.

Сакам термин за состанок