English English
Партнери
Квалитет
Контакти
Press материјал
Вработување
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Špica е водечки добавувач на опрема, системи и решенија за мобилни компјутери, автоматска идентификација и автоматско собирање на податоци во Adriatic регионот. Располагаме со големо искуство и знаење стекнато во пракса, надополнето со искуството и знаењето од повеќе од илјада корисници на нашите системи. Клучна компонента на нашата стратегија е развој и имплементација на сопствени системски решенија. Тоа е основата на нашето работење и долгорочна определба. Резултат на таквиот развој се нашите системи: Time&Space – систем за евиденција на работно време и контрола на пристап, Frontman – систем за автоматизација на мобилната продажба, Data Collector – систем за автоматизација на активностите во складиште, Find - систем за попис на основни средства.

Применетиот проектен пристап ни овозможува да управуваме со сите фази од имплементацијата потребни за успешна работа на системот, што е воедно и една од нашите најголеми конкурентски предности. Со таквиот пристап на корисниците им обезбедуваме професионални услуги, почнувајќи од идеја, анализа, потоа инсталација и имплементација на решението, до обука, пуштање на системот во работа и одржување. Токму заради ова нашите системи ги карактеризира брз поврат на инвестицијата, најниска цена на чинење на системот (Total Cost of Ownership) и максимално сигурна работа во текот на целиот животен век.

Од самиот почеток, се определивме за соработка со мал број најдобри светски производители, од кои секој е лидер во својата дејност, со кои изградивме взаемно корисна и долгорочна партнерска соработка. За опремата од своите добавувачи ја обезбедуваме сета поддршка неопходна за успешна интеграција во деловните информациони системи, како и ефикасно одржување и сервис.

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт