English English
Time&Space
Мобилни компјутери
Професионално печатење
Барање за поддршка
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Најчести прашања


П: На етикетите се појавуваат мали бели точки
О: Симптом: Недостасуваат делови од отпечатокот.

  • Најверојатно поради прашината во печатарот. Исчистете ја внатрешноста на печатарот.
  • Слаб рибон. Проверете дали има црна боја по целата површина на рибонот. Ако некаде недостасува заменете го рибонот. 
  • Испрљана глава на печатарот. Исчистете ја. 
  • Температурата на печатење е превисока. Намалете ја температурата на печатење т.е. "HEAT VALUE".

П: Хартијата не се придвижува ако ја притиснеме типката "FEED"
О: Симптом: Хартијата се поместува само неколку сантиметри, а потоа се вклучува индикаторот PAPER/RIBBON.
Погрешно поставена хартија. Отстранете ја и повторно ставете ја правилно (види ја шемата на поклопецот од печатарот). 

П: Печатарот печати "чудни" знаци наместо текст на етикетата
О: Симптом: Печатарот е во ASCII dump мод (по self-test).
Исклучете го печатарот и повторно вклучете го.

П: Хартијата се движи, а рибонот мирува
O: Симптом: Хартијата се движи, отпечатокот е размачкан, а рибонот мирува или проклизнува, со исклучок кога отпечатокот е густ.

  • Погрешно поставен рибон – страната со мастилото е на погрешна страна. Отстранете го рибонот и поставете го правилно (види ја шемата на поклопецот од печатарот) со активната страна (со мастилото) надолу.
  • Погрешната комбинација хартија/рибон предизвикала триење помеѓу хартијата и рибонот. Употребете друг вид на рибон или хартија.

П: Печатарот работи добро, но ја испушта секоја втора етикета
О: Симптом: По секоја отпечатена етикета повремено прескокнува уште една етикета.

  • Елементите на етикетата се поставени премногу блиску до горната или долната ивица на етикетата. Помеѓу врвот и дното на етикетата оставете 1 mm празен простор.
  • Висината на етикетата не е доволна. Мора да биде повисока од 1 cm. 
  • Неправилно поставен "Top of label offset". 

П: Печатарот работи и кога ќе се потроши рибонот
О: Симптом: Печатарот не прекинува кога ќе се потроши рибонот; печатарот печати само празни етикети.
Прекинувачот "TRANSFER" е поставен на OFF (лево). Поставете го на ON (десно).

П: Печатарот не работи
О: Симптом: Кога ќе иницираме печатење ништо не се случува.

  • Проверете дали кабелот за напојување е вклучен во печатарот и дали прекинувачот е на положба 1. Индикаторот "POWER ON" мора да свети.
  • Проверете дали врската помеѓу печатарот и компјутерот е правилна (RS232 т.е. COM1 или COM2 конектор на компјутерот).

П: Печатарот не работи правилно
O: Симптом: Печатарот дава звук на стругање, може и да се прекине.

  • Проверете дали хартијата е заглавена во механизмот. Одстранете ја и повторно правилно поставете ја.
  • Подигнете ја главата и пробајте да ја поместите хартијата со рака. Доколку неможе, хартијата е заглавена.

П: Бели црти на етикетата
О: Симптом: Етикетите имаат вертикална бела црта по целата должина.

  • Испрљана глава на печатарот. Исчистете ја.
  • На главата на печатарот има оштетувања. Викнете го вашиот сервисер да ја замени. 

П: Слабости во печатењето
O: Симптом: Слаб отпечаток по целата етикета.

  • Неквалитетна хартија. Обидете се да печатите на подобра хартија. Можете да нарачате примерок на квалитетна оригинална DATAMAX хартија.
  • Испрљана глава на печатарот. Исчистете ја. 
  • Погрешно поставена глава на печатарот. Викнете го вашиот сервисер да ја постави правилно.

П: Хартијата се движи, но нема отпечаток на истата
O: Симптом: Изгледа дека се е во ред, само нема отпечаток.

  • Можеби погрешно сте го поставиле рибонот. Страната на рибонот на која е мастилото мора да биде свртена надолу, кон хартијата. Ако рибонот е погрешно поставен, главата се замачкува. Темелно исчистете ја. Препорачуваме посета на сервисер.
  • Погрешно свртена хартија. Страната на хартијата наменета за печатење мора да биде свртена нагоре. 
  • Хартија сместена покрај сензорот за хартија. Отстранете ја хартијата и повторно поставете ја правилно (види ја шемата на поклопецот од печатарот). 
  • Главата на печатарот не е целосно спуштена. Дигнете ја и повторно спуштете ја. Рачката за подигање на главата мора да биде свртена малку наназад.
Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт