English English
Time&Space
Мобилни компјутери
Професионално печатење
Барање за поддршка
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Најчести прашања


П: Која е разликата помеѓу RAM и Flash меморија?
O: Flash меморијата не зависи од напојувањето, така што податоците запишани во оваа меморија остануваат и по прекинот во напојувањето. Во Flash меморијата на рачните терминали се наоѓа оперативниот систем, driver-ите и апликациите за рачниот терминал. RAM меморијата зависи од напојувањето и со губењето на напонот содржината на RAM меморијата се брише. RAM меморијата на рачниот терминал е побрза од Flash меморијата и обично значително поголема по капацитет од Flash меморијата. Во RAM меморијата обично се сместува базата на податоци на апликацијата за рачните терминали.

П: Дали ќе ги изгубам податоците при замена на батерија на рачниот терминал?
O: Motorola рачните терминали имаат резервно напојување со Li-Ion батерии кои ја чуваат содржината на RAM меморијата во случај на прекин на напојувањето од главната батерија. Резервната Li-Ion батерија се полни од главната батерија и тоа само од потполно наполнета главна батерија. Резервната батерија ги чува податоците, доколку е наполнета, минимално 30 минути и повеќе, што зависи од моделот на рачниот терминал.

П: Кои се начините на полнење на батериите на рачниот терминал?
O: Батериите на Motorolа рачните терминали се полнат во лежишта (cradle) за рачни терминали, преку полначи на резервни батерии, и за некои модели полначи во возило. Времето на полнење на празните батерии е во траење од 2 часа за поголем дел од Motorolа рачните терминали. При првото полнење на батеријата се препорачува и подолго време на полнење. За полнење на испразнетата резервна батерија потребно е да се надополни главната батерија на терминалот до максималниот капацитет.

П: Рачниот терминал неможе да се активира – што да се направи ?
O:
- проверете дали во терминалот се наоѓа главната батерија
- проверете дали батеријата на рачниот терминал е доволно полна. Ако батеријата е празна потребно е да се дополни или да се замени со полна резервна батерија. Доколку батеријата на рачниот терминал неможе да се дополни, треба да се замени.
- извршете "warm" или "cold" reset на рачниот терминал.
- доколку не помага ниту една од наведените опции испратете го терминалот во нашиот сервис.

П: Која е разликата помеѓу "warm" и "cold" reset на рачниот терминал?
O: Warm (Soft) reset на рачниот терминал не ги брише нагодувањата, инсталираните апликации и податоците при неговото извршување. Cold (Hard) reset го враќа терминалот на фабричките нагодувања и ја брише содржината на RAM меморијата. Начинот на извршување на reset операциите зависи од моделот и верзијата на тастатурата на Motorolа терминалите, а обично се опишани во корисничките упатства.

П: Што означува ознаката IP64 заштита од надворешни влијанија ?
O: Самата изработка и механичкиот дизајн на поновите генерации Motorolа уреди овозможуваат повеќекратен пад од 1.8 m височина на бетонска подлога. Сите овие уреди се сертифицирани по стандардот IP64 кој означува ниво на заштита од надворешни влијанија. Ваквата изработка и робусност на рачните терминали овозможува работа и скенирање на баркодовите во многу неповолни надворешни услови каде има многу прашина, влага и каде температурниот опсег се движи од многу ниски до екстремно високи температури.

П: Кое е подрачјето на покривање на RF сигналот на Motorola WLAN Access Point?
O: Motorola Access Point со omni антени покрива подрачје во радиус од 30m до 70m, зависно од конфигурацијата и видот на физичките препреки за RF сигналот. На отворени простори дометот на RF сигналот е до 300 метри, зависно од видот на omni антените. Со насочените антени дометот на RF сигналот е значително поголем.

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт