English English
Time&Space
Мобилни компјутери
Професионално печатење
Барање за поддршка
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Најчести прашања


П: Што е Time&Space?
О: Time&Space на англиски значи "време и простор". Во нашиот случај се мисли на работното време и техничкото обезбедување – чување на просторот. Накратко, станува збор за комплетно решение за контрола на пристап и евиденција на работно време.

П: Дали постои демо верзија на софтверот?
О: За жал не, но за доволно добар тест потребно е да се има потполно функционален систем со инсталирана хардверска и програмска опрема. Постои можност за т.н. купување без ризик со што е овозможено странката пред да го набави системот да го тестира по пат на наем на истиот. По успешно извршената проба, странката треба само да изврши доплата на разликата до полната вредност на системот.

П: Каква обука или искуство е потребно за администратор на работно време?
О: Се бара добро познавање на проблематиката на евиденција на работно време и добро познавање на Windows околина. Тоа се предуслови за успешно следење на основниот, а потоа и дополнителниот курс за оператери т.е администратори на работно време. 

П: Каква е разликата помеѓу основната и дополнителната обука ?
О: Основната обука претставува генерално запознавање со целокупниот систем (еден ден). Дополнителната обука (истотака еден ден) е посветена само на пресметката на работното време во две групи. Групите Флексибилно работно време (Flexi Time) и Индустриско работно време (Industrial Time) се одвоени, така што секој може да го слуша оној дел од обуката кој му е потребен.

П: Дали обуката е задолжителна?
О: Да, се бара барем еден администратор да ја поминал основната обука. Дополнителната обука не е задолжителна, но се препорачува. Истотака, се препорачува барем уште едно лице, кое го менува администраторот кога е отсутен, да го посетил основниот курс.

П: Колку време му е потребно на оператерот за администрирање на работното време ?
О: Тоа зависи од поединецот и неговите способности од една страна и сложеноста на правилата при пресметка од друга страна. Постои една груба проценка во просек околу 15 минути дневно за секои 100 вработени. Проценката се однесува за лица кои веќе имаат искуство за работа со системот, а воедно важи за мали и средни претпријатија. За поголемите претпријатија важи грубата проценка дека администрирањето опфаќа полно работно време за приближно 2000 вработени.

П: Колку вработени можат да се регистрираат на еден терминал ?
О: И овде станува збор за една груба проценка, во просек околу 200 лица по терминал. Јасно, на тоа многу влијае максимално очекуваната фрекфенција на регистрации во минута. Кај бројот на терминали треба да се земе во предвид и потребата за еден резервен терминал во случај на испад на системот.

П: Што значи бројот кој заедно со името се покажува на терминалот при регистрација ?
О: Се работи за тековното салдо на часови.

П: Кои се потребите за компјутерска опрема (PC компјутери)?
О: Time&Space е, што се однесува до барањата, стандарден софтвер за MS Windows. Како производ се развива константно, со што се менуваат и системските барања. Од друга страна и хардверската опрема и оперативното опкружување константно се развива, па според тоа одредувањето на фиксна конфигурација е се повеќе под знак прашање. Затоа да се послужиме со неколку општи, повеќе употребни упатства:

  • серверот да е доволно способен да работи со моменталната комерцијална верзија на MS Exchange Server,
  • работната станица да е доволно способна да работи со моментно комерцијалната верзија на MS Office.

П: Ние сме мала организација и потребен ни е поедноставен и поекономичен систем. По можност би избегнале database server и со него поврзаните трошоци. Какви можности имаме? Дали можеме да го избегнеме тој сервер во целост ?
О: Решението е MSDE database server или Microsoft SQL Server Desktop Engine кој може да работи на една од работните станици и не бара администрирање. Лиценцата за него (до 5 корисници) вклучена е во лиценцата за Microsoft Office Professional. Решението базирано на file сервер на податоци (F/S) престанавме да го нудиме со преминот на верзија 5.

П: Која верзија на database server поддржува Time&Space?
О: Oracle верзија 8.04 или понова или 8i или 9i, и Microsoft SQL Server 7, SQL Server 2000 или MSDE.

П: Дали ни се потребни дополнителни лиценци за базата на податоци?
О: Да, за употреба на database server-от (MS-SQL Server или Oracle Server, зависно од одбраната технологија) потребни се соодветни лиценци од производителот.

П: Кои лиценци ни се потребни за користење на database server-от? Колку чинат? Каде можеме да ги набавиме?
О: Можеме да одговориме само генерално. За секој инсталиран client програм највероватно ви е потребен програм кој пристапува на базата на податоци преку client driver (client setup). Тоа значи дека ќе биде потребна по една client лиценца практично за секој оператер кој ќе работи со TSM (Time&Space Manager), и дополнителни лиценци за Event Collector и WAS (Web Application Server).
Лиценцната политика на производителот на database server-от е комплетно во нивен домен. Се работи за комерцијални услови кои со текот на времето се менуваат. Затоа не можеме да понудиме подетални информации. Špica центрите не тргуваат со тие лиценци и ги немаат во својата понуда. За повеќе информации околу лиценцирањето обратете се во канцелариите на Microsoft и Oracle.

П: Кои функции се достапни преку Internet?
O: Internet пристапот (WAS) овозможува чести кориснички и административни акции на повеќе нивоа. На прво ниво е овозможена регистрација на корисниците во реално време. Другото ниво му овозможува на корисникот преглед и уредување на сопствените регистрации. Третото ниво му овозможува на оператерот (администраторот) преглед и уредување на регистрациите за неговата група корисници. Нивото на пристап на апликацијата определен е со правата по корисник.

П: Кои се техничките барања за пристап преку Internet?
О: Internet пристап овозможува програмскиот модул T&S WAS (Web Application Server). Бидејќи се работи за типично серверска ситуација препорачуваме употреба на сервер (Server OS), но можна е и употреба на работна станица (Workstation OS). T&S WAS може самостојно да работи без или со помош на административен сервер MS IIS (Internet Information Server) кој мора да работи на истиот сервер.

П: Какви се работите околу надградбите на системот?
O: Кај надградбите нема системски ограничувања. Секој систем Time&Space може неограничено да расте во поглед на бројот на корисниците, оператерите, влезовите, картичките, оддалечените локации, работните станици, итн. Системот можеме било кога да го прошириме со купување на дополнителна опрема. Кај програмската опрема со лиценцирањето е осигурано последната надградба да значи трошок сразмерен со дополнителниот број на корисници.

П: Какви се работите околу гаранцијата?
О: За хардверската опрема нудиме 12-месечен гарантен рок. За програмската опрема лиценцните и гарантните услови се одредени со изјава која е еднаква со голем број слични изјави во софтверската бранша и е приложена во корисничкиот прирачник.

П: Што нуди договорот за одржување?
О: Договорот за одржување му осигурува на корисникот одреден приоритет, пред се во поглед на времето на одзив во кое ќе се пристапи кон решавање на пријавениот проблем. Кај стандардните договори тоа се 16 работни часови. Тука се уште некои погодности, како што е поддршка од оддалеченост (до 25% од вредноста на одржувањето), бесплатен превентивен зафат (еднаш годишно), 20% попуст при пресметка на одржувањето. Тука е и попустот кај комерцијалните надградби на софтверот (нови верзии).

П: Како е постапката за одржување по договор?
О: Одржувањето по договор се остварува по основ на писмена пријава односно барање за поддршка. Кога се пријавува одредена грешка, нудиме телефонска помош. Пријавата го покренува барањето за одржување кое започнува најдоцна во одзивното време (стандардно до 16 работни часови). Доколку е можно, интервенцијата на одржување се одвива на оддалеченост. Доколку не, се извршува кај корисникот на лице место. По извршената интервенција корисникот потпишува работен налог врз основа на кој се пресметуваат трошоци на одржување.

П: Како е одржувањето на повик?
O: Одржувањето на повик се одвива слично како и одржувањето по договор. Основната разлика е што не се гарантира одзивното време, така што интервенцијата ќе се изврши во првиот слободен термин односно кога ќе нема други нерешени – отворени одржувања по договори.

П: Што е со евентуалните прилагодувања на софтверот според нашите барања?
O: Time&Space е софтверски производ во стандарден облик со широк низ на вградени можности соодветни за употреба кај широк круг различни корисници. Многу специфични потреби на корисниците на оваков или онаков начин се опфатени во стандардниот производ. Доколку се појави барање кое не може да се реши со вградените можности на системот, како производител можеме да понудиме и одредени прилагодувања по нарачка. Во таков случај се работи за развоен проект кој го решаваме од случај до случај и кој се заснова на анализи и спецификации на барања на корисниците.

П: Како да се избегне ризикот по извршената набавка да се покаже дека истата не одговара на нашите потреби, а модификациите по нарачка не се можни односно не ни се решение?
O: Time&Space е производ во стандарден облик за широк круг различни корисници. Проценката во која мерка тој производ одговара на конкретните потреби на корисникот, е во негова надлежност. Затоа е многу важно корисникот што повеќе да се информира и за тоа да одлучи пред набавката на системот. За корисниците кои сакаат да го проверат системот "во живо" нудиме ткн. купување без ризик со што е овозможено системот да се испроба пред набавката по пат на наем. По успешно извршената проба странката ја доплаќа само разликата до правата вредност на системот.

П: Што е со преносот на податоци во системот за пресметка на плата?
O: Периодичниот пренос на податоци во програмот за пресметка на плата предвиден е на вообичаен начин – со извоз од програмот Time&Space по заклучување на пресметковниот период. На барање на корисникот можеме да изработиме bridge модул чиј облик и содржина на податоци се прилагодуваат на желбите на корисникот, со цел да се овозможи што подобар автоматски увоз во апликацијата за плата.

П: Што е со непосредното поврзување со другите апликации (плата, кадровска евиденција...)?
О: Интеграцијата со другите апликации е можна и ја изведуваме проектно по нарачка.

П: Какви се можностите за интеграција со техничката заштита (аларми, видео-надзор)?
О: Постојат многу можности за интеграција на контролата на пристап со техничката заштита. На една страна е цел спектар на можности за интеграција преку interface на податоците и различните компјутерски комуникации. На друга страна е можната интеграција преку дигиталните влезови и релејните излези на пристапните точки. Постојат бројни можности, развиена и разновидна опрема, па оттаму секое конкретно барање се решава посебно.

П: Какви се можностите за интеграција со системите на другите производители?
O: Како производител на системите, Špica не е ограничена во врска со интеграцијата со било кои компоненти или системи на други производители. Тоа го сметаме како многу значајна конкурентска предност. Во минатото интегриравме бројни компоненти и направивме interface за системите на другите производители, најчесто по нарачка на корисникот со цел интеграција на различни односно разновидни системи.
Како пример можеме да истакнеме дека имаме развиен interface за практично сите поголеми производители на технологии за безконтактни идентификации, што ни овозможува читање на скоро сите безконтактни картички на пазарот.

П: Што се случува кога има прекин во ел. напојување?
O: Падот на ел. мрежа ќе предизвика пад на сите делови на системот кои не се под резервно напојување. Затоа се препорачува резервно напојување на сите витални компоненти на системот. Поконкретно:

  • СЕРВЕРИ: Како што е познато, непрекинато напојување (со контролирано исклучување на системот) кај серверите е нужно потребно. Непрекинатото напојување е потребно и кај работните станици кои собираат регистрации од терминалите за регистрација (на кои се извршува комуникацискиот програм Event Collector).
  • РАБОТНИ СТАНИЦИ: Неконтролираниот пад на работните станици не е критичен.
  • РЕГИСТРАЦИСКИ ТЕРМИНАЛИ: Доколку нема резервно напојување на терминалите, регистрацијата на работното време на истите ќе биде во прекин до повторното вклучување на струјата. Чувањето на податоците е осигурано. 
  • ПРИСТАПНИ ТОЧКИ: Кај контролата на пристап нема да работат сите пристапни точки кај кои нема резервно напојување (BOX09), за нив ќе биде потребно постоење на алтернативен (резервен, рачен) начин на влез во просторот. Секаде каде тоа не е можно, потребно е да се постават уреди со резервно напојување(BOX20) или да се осигура резервно напојување на друг начин.

П: Што се случува кога ќе дојде до пад на целиот систем или еден негов дел?
O: За тоа треба веднаш да се извести сервисерот на системот. Доколку дошло до пад на страната на клиентот (сервери на податоци, апликации или комуникации), терминалите за регистрација ќе работат автономно. Контролата на пристап ќе работи во off-line мод, како и регистрацијата на работно време. Притоа треба да се знае дека меморијата на терминалите за регистрација е ограничена (во стандардна верзија на приближно 1500 регистрации кои се сместени локално). Заради тоа, времето на работа на системот во off-line мод е ограничен на неколку дена, а воедно тоа зависи и од вкупниот број на терминали и бројот на корисници.

П: Како да се осигураме од губиток на податоци ?
O: Секој уред може да се расипе. Кај информациските системи дефектот на хардверската опрема може да значи права катастрофа. Се разбира, зборуваме за загуба на податоци кои се најдрагоцениот дел на секој информациски систем и кои се смислата на неговото постоење.
За жал, дефектот на дискот на серверот не е единствена опасност која ги загрозува податоците. Нив можеме да ги изгубиме на илјада различни начини: од пад на некој дел на хардверската опрема, пад на ел. напојување, погрешни апликативни или системски интервенции до злонамерни или хакерски акции на неовластени лица. Можностите се навистина бројни и секој ден дознаваме за некоја нова.
Единствено осигурување против такви несреќи е постојаното архивирање на податоците. Притоа, треба да се знае дека последното архивирање претставува онаа состојба која можеме да ја повратиме – реставрираме. Затоа од најголемо значење е колку често вршиме архивирање. За апликација како што е регистрација на работно време седмично архивирање сигурно не е доволно. Што да се направи со пример седмична "дупка" во евидентираните регистрации? Тешко дека може нешто да се направи!
Затоа се препорачува секојдневно архивирање на податоците. Кај поголемите системи дури и неколку пати дневно, пример на крајот на секоја смена. Единствено така можноста за евентуална "дупка" во податоците ќе биде помала.
Незгодите никогаш неможат во потполност да се избегнат, но барем ризикот можеме да го сведеме на минимум. Кај податоците најголемиот ризик е нередовно, неуредно архивирање или грешки при архивирањето. И со оглед на фактот дека незгодите доаѓаат изненадно и ненајавени, за превентива тогаш веќе е премногу доцна. Затоа, за воспоставување на процедурата за постојано архивирање на податоците треба да се погрижиме веќе при инсталирање – подигање на системот.

П: Што да се направи ако сепак дојде до губење на податоците?
О: Веднаш треба да се известат сервисерите на системот кои ќе ги реставрираат податоците од последната сочувана архива. Изгубените податоци ги внесуваме рачно, можеме да ги компензираме со календарскиот настан, групен внес или сличен прием на податоци.

П: Управувањето на системот за контрола на пристап и евиденција на работно време се чини има големи барања, не само технички, туку и организациски. Како да се управува? Каква помош може да се очекува од Špica?
O: Управувањето со систем како што е Time&Space за секоја организација претставува дополнителен организациски напор. Компјутерското следење и пресметката на работното време е осетливо подрачје затоа што навлегува во работните навики на корисникот и многу често е директно поврзано со пресметката на плата. Контролата на пристап е истотака осетлива работа, затоа што системот физички навлегува во слободното движење. Во двата случаи системот непосредно влијае на секојдневното однесување на најголем круг корисници. Успешното управување на таквиот на прв поглед сложен систем бара добра подготовка, планирање и водење. Помош на корисникот му осигуруваме преку проектниот пристап кој го развиваме врз основа на нашите повеќегодишни искуства. Проектно советување кај имплементацијата нудиме како дополнителна активност при управувањето на системот. Со тоа сакаме на корисникот односно на неговата служба за информатика и организација да им ја олесниме работата, да им понудиме активна поддршка и совет при носењето на одлуките и воедно што повеќе да се скрати времето потребно за управување со системот.

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт