English English
Time&Space
Пописи
Хотелски системи
Frontman
Zebra опрема
Datamax печатари
Машинска опрема
Термални печатари
Термал-трансфер рибони
Етикети за термални печатари
Програмска опрема
NiceLabel
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Nice Label е програмска опрема од најновата генерација за дизајнирање и печатење етикети. Го сочинуваат група програми и модули кои ги покриваат сите потреби на модерниот дизајн и квалитетната продукција на етикети.

Функционална целовитост
Nice Label овозможува изработка на содржински комплексни етикети. Овозможена е употреба на сите значајни бар кодови, вклучително и најновите површински (дводимензионални) бар кодови. Со проверениот систем на променливи и функции, можно е да се дизајнираат извонредно комплексни етикети со променливи податоци, кои можат да опфатат и променливи графички ефекти.

Универзалност
Nice Label овозможува печатење на етикети со содржина по избор (текст, бар кодови, слики, линии, рамки) на секој печатар, без разлика на неговите карактеристики. Универзалноста е постигната на тој начин што Nice Label со графичките елементи ги надоместува недостатоците на печатарот.

Едноставност при употреба
Nice Label се одликува со пријатен и интуитивен кориснички interface. Посебно внимание е посветено на фазата печатење етикети, бидејќи посебниот модул Nice Form овозможува изработка на соодветни екрани за внес.

Флексибилност
Nice Label нуди комплетно решение за дизајнирање и печатење на етикети, кое може да се прилагоди на постојните решенија. Корисникот, кој сака да го вклучи бар кодот во своите веќе изработени документи, за таа цел ќе го употреби Nice Bar. Корисникот, кој не може или не сака да го промени целокупниот процес на печатење, а за продукција користи наменски термален печатар, може да ги користи Nice Drivers. Можна е истовремена употреба на двата модули, што овозможува дополнителни оптимизациски можности.

DPNICE - Nice Label PRO - програм за дизајнирање на етикети (база)

Дизајнирање и печатење етикети, нуди целосна поддршка на ралични бази на податоци и мноштво интеграциски можности.

 

 


DPNICESUITE

- Nice Label Suite - програм за дизајнирање на етикети (база, form) 

Nice Label, верзија 5!
- NiceLabel Pro: дизајнирање и печатење етикети
- NiceForm: обликување на екрански маски
- NiceData: едноставно уредување на податочни бази
- NiceWatch: синхронизација на процесот на печатење со други сметачи
- NiceMemMaster: подготовка на фонтови и слики за термал-трансфер печатари


DPNICEEX

- Nice Label Express- програм за дизајнирање на етикети

Основен програм за дизајнирање и печатење етикети, кој се базира на употреба на волшебник и содржи бројни елементи од полната верзија со нагласок на едноставноста за употреба.

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт