English English
Time&Space
Пописи
Програмска опрема
Попис на артикли
Попис на основни средства
Хотелски системи
Frontman
Motorola опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Motorola (Symbol) рачен терминал + програм Data Collector - Оптимална комбинација за собирање податоци во малопродажбата и помалите складишта

Програмот Data Collector овозможува внес на податоци за настаните на терен во рачниот терминал и нивен пренос на PC. Станува збор за едноставен и истовремено исклучително корисен програм кој работи на Windows Mobile рачни терминали.

Со употреба на Motorola (Symbol) рачниот терминал и програмот Data Collector ќе го отстраните рачниот внес на податоци кој е извор на бројни грешки. Автоматскиот внес на податоци е брз, точен и сигурен. Корисникот може бараните податоци да ги внесува во складиштето или помеѓу продажните полици, а потоа преку подножјето на терминалот и кабелот за комуникација или RF мрежата да ги пренесува во програмот за обработка на ваквите податоци.

Вградениот читач овозможува едноставно скенирање на бар кодовите, а тастатурата на рачниот терминал внес на дополнителни информации за артиклот. Така внесените податоци се точни, бидејќи се пренесуваат преку брзо комуникациско подножје до серверот и веднаш се достапни за преглед и натамошна обработка.

Програмот Data Collector е едноставен за употреба, бидејќи е изработен за теренско собирање податоци во кои треба да се внесат разни информации за голем број артикли. Програмот е проверен во многу различни средини: од големи производни складишта и библиотеки до мали продавници. Непосредните контакти со корисниците на системот ни овозможуваат континуиран прилив на предлози кои произлегуваат од практични искуства, такашто нашите подобрувања на програмот се базираат на вистинските потреби на корисниците.

Програмот Data Collector на рачниот терминал можеме да го употребиме за:

  • попис 
  • прием и издавање артикли во складишта или продавници 
  • пренумерирање на артиклите 
  • теренско собирање податоци 

Заради потребата од подоцнежна употреба на внесените податоци, пр. со програмот за материјално работење (следење залихи во складиште, следење количина на стока во продавници или книги во библиотеки, ...) користиме стандардни начини за пренос на податоци. Затоа рачниот терминал можеме да го приклучиме на различни компјутерски системи.

Предности на програмот Data Collector:

  • наменет е за употреба на Windows Mobile односно Pocket PC терминали (ARM компатибилни процесори, Pocket PC, Windows Mobile или Windows CE 5.0) 
  • секој запис може да има до десет полиња за внес
  • корисникот може сам да го нагоди начинот на внес за сите десет полиња 
  • сите полиња можат да имаат шифрарник кој овозможува брза промена на една од внесените вредности 
  • по внесот програмот може да ги провери податоците, доколку внесениот артикал е присутен во шифрарникот 
  • внесените податоци можат да се прегледаат/поправаат/бришат
  • за секој евидентиран податок се бележи датумот и времето на внес во терминал 
  • можна е употреба на повеќе терминали кои ги пренесуваат податоците на ист PC,

За сите нагодувања на работата на програмот се користи програмот Data Collector Manager, инсталиран на PC.

За пренос на податоци употребуваме MS ActiveSync програм, кој овозможува поврзување на повеќе начини:

  • преку подножје и кабел 
  • IR или Bluetooth врска 
  • Радио мрежа

Резултатот при преносот на податоци се запишува во TXT датотека со преддефиниран изглед. Истотака, и влезните шифрарници мораат да бидат запишани во форма на TXT датотека.

Пример на излезна датотека:

"13.04.2000","12:35:42","369","888","8" "14.04.2000","09:03:21","59908180","125","236" "14.04.2000","09:03:36","1223","6569","3236" "14.04.2000","09:04:32","78","336","6" "14.04.2000","09:04:37","78","36","36" "14.04.2000","09:04:41","78","58","6\"69" "14.04.2000","09:04:42","78","58","998" "14.04.2000","09:04:44","78","58","99"

Пример на изглед на екран :

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт