English English
Time&Space
Машинска опрема
Пристапни терминали
Регистрациски терминали
Читачи на картички
Идентификациски картички
Биометриска идентификација
Машинска архитектура
Програмска опрема
Контрола на пристап
Kонтрола на посетители
Пресметка на работно време
Собирање податоци
Програмска архитектура
Регистрација преку web
Управување со отсуства
Интеграција со плати
Audit Log
Visual Space Manager
Biometric Administration Portal
Mobile Time
Пописи
Хотелски системи
Frontman
Motorola опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Програмската опрема работи во Microsoft Windows средина на еден или повеќе контролни компјутери. Овозможува оддржување на базата на лични податоци, картички, права на пристап, системски додатоци и кориснички профили. Се грижи за автоматскиот пренос на доделените пристапни права од базата на податоци во пристапните терминали. Ги собира и регистрира сите пристапни настани, другите настани поврзани со работата на системот и овозможува приказ и пребарување на регистрираните настани.

Основното ниво на употреба на системот овозможува доделување на пристапни права со што се одредува "кој каде смее". На тоа основно ниво по потреба му додаваме и специјализирани функции, како што се: 

  • Временски зони со кои пристапните права добиваат и временска димензија. 
  • Нагодување, собирање и надзор на алармни состојби односно прифаќање на сигналот од различни детектори. 
  • Визуелен приказ на настани, на шеми на објектот со графички симболи.

Просторна визуелизација на настани - VSL

Модулот е наменет за графички приказ на настани и аларми во Time&Space системот. Овозможува централизиран преглед на настани.

Модулот е осмислен како надградба на контролата на пристап и наменет е за следење на движењето на лицата, за приказ на информации за настаните, за просторно следење на настаните и алармирањето.

Со помош на графичкиот interface едноставно контролираме поголем број шеми со соодветен број на контролни точки. Во зависност од намената, шемите можат да бидат: 

  • географски карти, 
  • нацрт на објект, 
  • слики, 
  • други графички просторни информации. 

Шемите содржат точки кои претставуваат регистрациски терминали, алармни детектори или читачи на картички. Настаните на точките се графички и звучно прикажани зависно од видот на настанот односно алармот (алармот за грабеж може да има поинаков графички и звучен приказ од алармот за пожар). Постои можност за приказ на сите информации заедно со слика на лицето кое го иницирало соодветниот настан.

Апликацијата нуди преглед на минати настани и аларми, како и нивно филтрирање. Бидејќи системот функционира со помош на TCP/IP протокол, може многу лесно да се користи било каде во локалната или глобалната мрежа – сите предиспозиции за оддалечен надзор над системот (зависно од комуникациската инфраструктура). Во системот можат да работат повеќе такви модули кои овозможуваат поголем број контролори над системот Time & Space кои контролираат различни шеми.

Комбинацијата на системот Time & Space како и VSL и DVS модулите претставуваат врв во контролата на пристап, покрај техничката и биометриската идентификација, овозможувајќи исто така и визуелна контрола на пристап односно може да се види и жива слика од местото на настанот, како и слика од системот Time & Space.

 


Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт