English English
Time&Space
Машинска опрема
Пристапни терминали
Регистрациски терминали
Читачи на картички
Идентификациски картички
Биометриска идентификација
Машинска архитектура
Програмска опрема
Контрола на пристап
Kонтрола на посетители
Пресметка на работно време
Собирање податоци
Програмска архитектура
Регистрација преку web
Управување со отсуства
Интеграција со плати
Audit Log
Visual Space Manager
Biometric Administration Portal
Mobile Time
Пописи
Хотелски системи
Frontman
Motorola опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Биометриската идентификација наидува на се подобра примена и станува се пораспространета. Идентификацијата на отисок од прст засега е најзастапена технологија. Се вградува во нашите системи веќе неколку години и имаме добри искуства. Начинот и обемот на употреба на верификаторот на отисок од прст зависи од потребите и специфичностите на пооделната средина; во потполност ја заменува употребата на картичките, а може да се користи и како сигурносен елемент за спречување на "позајмувањето" картичка.

Терминал DOG20 со верификатор на отисок од прст

Верификаторот на отисок од прст успешно и едноставно го решава проблемот на т.н. позитивна идентификација, овозможува вистинска проверка на идентитетот на корисникот. Со терминалот DOG20 со верификатор на отисок од прст ефикасно се спречува злоупотребата на картичката за идентификација. Верификаторот можеме да го употребиме и во системот на картички како дополнително средство за проверка на одредени локации. Можеме и чекор понатаму, со верификаторот во потполност да се отстрани употребата на картичката, па личниот PIN код да го втипкаме рачно. PIN –от може да биде краток за што побрзо да се втипка. Заради малата должина на кодот не би требало да има проблеми со заборавање на истиот. PIN –от не е повеќе критична информација, може да биде и јавен и нема потреба од криење, затоа што за проверка на идентитетот во целост се грижи читачот на отисок од прст.

Терминалите DOG20 можат да ја вршат и функцијата контрола на пристап односно контрола на електрична брава врз основа на сопствените пристапни права.

Bioscrypt

Špica вградува верификатори на отисок од прст од водечкиот светски производител L-1 (Bioscrypt). Регистрацискиот терминал DOG20 има вграден верификатор на отисок од прст, додека за потребите на контрола на пристап се користат Bioscrypt екстерни читачи V-Flex, V-Pass и V-Smart.

Терминалот DOG20 со верификатор на отисок од прст ви нуди:

  • дополнително ниво на сигурност во системот на евиденција на работно време и контрола на пристап, 
  • голема доверливост на биометриската идентификација, 
  • едноставна и брза употреба, 
  • независна програмска комуникација (сите функции се одвиваат на интелигентен терминал). 

Сигурност на податоците

Технологијата која ја употребуваме ја има особината земените отисоци од прст да не ги архивира, што е во согласност со законот. Системот уште на самиот терминал (читач) го зема отисокот од прст, математички го обработува и го претвора во низ од податоци и параметри. Од тие податоци повеќе неможе да се реконструира отисокот од прст и употреблив е само за обработка на податоци внатре во самиот систем. На тој начин ниту се архивираат, ниту се употребуваат лични податоци, со што се избегнуваат проблемите кои се поврзани со тоа.

3DEFR – Читач за препознавање на лице (3D) со вграден процесор

Вклучува читач со камера и екран во боја како и вграден процесор за обработка на примероци. TCP/IP, RS-232, RS-485 и Wiegand interface. 
 

 

 

3DAM - 3Di – Програмска опрема за собирање и управување

 

 


VPASSFX
– Читач на отисок од прст (верификација/идентификација)

Читач на отисок од прст за идентификација без употреба на картичка или PIN код, или верификација (потребен дополнителен идентификатор). Капацитет до 500 примероци во начин на идентификација (1:N) и до 4000 примероци во начин на верификација (1:1).  Наменет за самостојни решенија на контрола на пристап. Модулот за напојување и контрола на вратите не е вклучен. Производител: Bioscrypt.

DOG20-O-FIB – Читач на отисок од прст

Вграден читач на отисок од прст за терминалот DOG20, кој може да работи на два начини. Во идентификацискиот начин (1:N) овозможува до 500 примероци, во верификациски начин (1:1) до 4000. И во верификацискиот начин е можна употреба без читач на картички, затоа што идентификацијата можеме да ја извршиме со внес на PIN кодот преку тастатура.

FES-I – Биометриска единица за собирање примероци, идентификација

 

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт