English English
Time&Space
Пописи
Хотелски системи
Машинска опрема
Електронски брави
Eлектронски собни сефови
Преглед на состојба на соби
Системи и софтвер
Frontman
Zebra опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Ефикасноста на рецепциската служба е од клучна важност гостите пријатно да се чувствуваат. Решенијата за рецепција мора да овозможат брзо издавање на картички/клучеви и добар увид во статусот на издадени картички и нивната валидност. Употребата на различни параметри кои овозможуваат многубројни можности, како што е поврзување на корисниците во групи и барање по различни критериуми, ја забрзува работата и автоматизира бројни рутински функции. Долгогодишното искуство на VingCard во хотелиерството обезбедува оптимални решенија кои се засновани на следење на барањата на корисниците.


VISION

Иделна комбинација на контрола и флексибилност

Користејки ја Windows платформата, VISION хотелскиот систем за заклучување може едноставно да се поврзе со PMS (Property Management System) и POS (Point of Sale) решенијата користејки стандарди како што се DOS, UNIX и Windows 98/2000/NT/XP/VISTA/7, помеѓу останатите.

VISION хотелскиот систем за заклучување нуди низа можности за потребите на Вашите сервери и работни станици. Ако сакате да го интегрирате VISION на постојните PMS работни станици и сервер, изберете специјално дизајнирана VISION работна станица со екран осетлив на допир или било која друга работна станица која се базира на Windows оперативниот систем. Со Plug-and-Play™ поврзувањето, интуитивниот графички интерфејс и софтвер во кој сите команди се извршуваат со помош на мени, VISION е едноставен за инсталација и употреба.

Со комбинирање на "кој", "каде" и "кога" дефинициите во прецизно дефинирани групи на корисници, VingCard VISION хотелскиот систем за заклучување овозможува флексибилно управување со контролата на пристап што е многу помоќно од крутите хиерархиски структури на многу други хотелски системи.

Наменската единица за испитување и програмирање LockLink овозможува преглед на последните 200 настани при самата брава од хотелската соба. Едноставно приклучете ја единицата на било која брава за да ја програмирате, да ги прегледате или превземете настаните поврзани со таа брава од нејзиниот влезен апликативен лог.


VisiOnline

Visionline, идеално решение за објектите со најголеми барања

Visionline е безжично решение за заклучување чии самостојни електронски хотелски брави функционираат во online мод преку радио комуникација (RF-online) која е базирана на високо безбедната отворена платформа Zigbee.

Visionline содржи бројни карактеристики кои овозможуваат големи предности за Вашиот објект.

  • Поголема безбедност и поголема можност за контрола
  • Повеќе услуги за Вашите гости
  • Поефикасно и поекономично работење на хотелот
  • Поефикасно работење на рецепцијата
  • Поефикасен инженеринг и одржување 
  • ... и помалку проблеми ... 

Visionline на VingCard ги интегрира сите VingCard Elsafe online брави, сефови и уреди за управување со енергија.

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт