English English
Time&Space
Пописи
Хотелски системи
Машинска опрема
Електронски брави
Eлектронски собни сефови
Преглед на состојба на соби
Системи и софтвер
Frontman
Zebra опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Основната задача на системот за централен надзор на собите е несметано функционирање на сите уреди во собите и намалена потрошувачка на електрична енергија. Во модерните хотели се вградени голем број уреди кои придонесуваат за удобноста во сместувањето на гостинот. Собниот контролер самостојно се грижи за усогласено функционирање на уредите во собите.

Централниот прекинувач со лежиштето за картичката овозможува значителна заштеда на ел. енергија. Гостинот по влезот во собата картичката ја сместува во лежиштето и со тоа го вклучува централниот собен прекинувач за светло, клима уредот и др. Лежиштето преку собниот контролер или преку платформата Time&Space е поврзано со централниот систем за надзор во хотелот. Ова му овозможува на хотелскиот персонал преглед на статусот на сите соби од една контролна точка. Покрај статусот на зафатеност на собата, системот дава и други пораки, пр. DND (Не сметај, анг. Do Not Disturb) или MUR (Исчистете ја собата, анг. Make Up Room). Овие информации со правилна употреба овозможуваат значајно побрз и дискретен одзив на хотелскиот персонал. 

VMIFREHOL – Интелигентен централен собен прекинувач на безконтактна картичка

Овозможува управување со електричната енергија, централно вклучување на електричните потрошувачи со вметнување на RFID Mifare безконтактна картичка; овозможува идентификација на гостинот или вработениот; овозможува RS485 приклучок на собниот IRC контролер; компатибилен со платформата Time&Space.

VTDSCRFID - Vingcard централен собен прекинувач на безконтактна картичка

Vingcard интелигентен централен собен прекинувач на безконтактна картичка

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт