English English
Вести
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
2014
2015
2016
Успешни стории
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
24.01.2007

Со цел да ги задоволи своите комплексни барања поврзани со евиденцијата на работно време Тутунски комбинат а.д. Скопје одлучи да го имплементира системот за регистрација и евиденција на работно време Time&Space.

Соработката со Тутунски комбинат а.д. Скопје започна во 2002 година, кога се обратија до нас за понуда на квалитетно решение за регистрација и евиденција на работно време, кое требаше да ги надмине слабостите на постојниот систем и да понуди нов квалитет во работењето на кадровската служба.
Врз основа на направената анализа инсталиран е системот Time&Space во следнава конфигурација: регистрациски терминали DOG09P со вградени читачи на безконтактни картички Indala, безконтактни идентификациски картички IDP09, T&S Manager клиенти, MSDE податочен сервер и комуникациски програм Event Collector Server.
Time&Space системот овозможи on-line начин на регистрирање и евиденција, така што секој вработен има увид во своето тековно салдо на часови а во кадровската служба имаат моментален увид во салдата и присутноста на сите вработени.

За да се обезбеди on-line начин на регистрирање и евиденција, регистрациските терминали DOG09P (кои се монтирани на портирницата) преку wireless bridge се поврзани во постојната  компјутерска мрежа.
Преку оваа мрежа остварена е on-line комуникација помеѓу регистрациските терминали и комуникацискиот програм Event Collector инсталиран на серверот во систем сала.
На истиот сервер е инсталиран и MSDE податочниот сервер и Time&Space базата.
Податоците за присутноста на вработените се уредуваат и анализираат во кадровската служба со помош на клиентската апликација T&S Manager која има пристап до базата инсталирана на централниот сервер.

Time&Space системот овозможи посебна евиденција на присутноста на вработените во администрацијата и во производството.
Инсталираниот модул Флексибилно време (Flexi Time) во целост ги задоволува потребите за евиденција на работното време на вработените во администрацијата, а модулот Индустриско време (Industrial Time) за евиденција на работното време на вработените во производството.

Пријатниот кориснички интерфејс, графичкиот приказ на настаните и категориите на присутност, автоматскиот избор на распоред,  вградениот генератор на извештаи се дел од функционалностите кои ги нуди програмскиот пакет Time&Space, а кои значително ја зголемија ефикасноста на кадровската служба и обезбедија точни податоци за пресметка на плата.

 

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт