Управувањето со отсуствата вообичаено претставува работа со многу хартиени документи, доцнење при внес во евиденцијата, неажурност на податоците и со сето наведено преставува извор на грешки. Сето ова едноставно се избегнува со користење на модулот Time & Space Approval Workflow кој ви овозможува:
- скратување на времетраењето и поедноставување на процесот на добивање одобрение за отсуство,
- преглед на планираните отсутности во реално време,
- автоматско одобрување на прекувремена работа при појава на непредвидени работни обврски,
- заштита на животната средина со употреба на помалку хартиени документи.

Модулот Time & Space Approval Workflow овозможува едноставен тек на одобрување на различните работни процеси како што се:
- целодневни отсуства (годишен одмор, службени патувања, итн),
- краткотрајни отсуства во текот на работниот ден со ограничен временски период (деловни состаноци, приватни отсуства),
- прекувремена работа,
- одобренија за период,
- други активности (рачно внесување на настани, корекција на салдото на часови, итн.).
|