Choose languageLanguage

Повеќе од 1.000.000 секојдневни корисници

Со контролата на пристап дефинирајте кој смее каде и кога да поминува
Опис на решението

Со контролата на пристап дефинирајте кој смее каде и кога да поминува

Контролата на пристап е клучна функционалност на секој Time&Space систем. Вклучува податоци за корисниците, картичките, пристапните точки како и за пристапните права. Покрај тоа, управува со физички поврзаните уреди и аларми, а воедно ги собира и тековните настани. Претставува апликациска рамка за вклучување на понапредни програмски модули, како што е управувањето со посетители, интеграцијата на системите за видео надзор, евиденцијата на работно време и управувањето со присутноста.  

Сигурен и едноставен пристап со мобилен телефон
Мобилен пристап

Сигурен и едноставен пристап со мобилен телефон

Решението за мобилен пристап ви овозможува својот мобилен телефон да го користите за влез во деловните простории. Овој вид на автентикација значително го подобрува и поедноставува пристапот, истовремено нудејќи исто или дури и повисоко ниво на сигурност од она кое го нудат идентификациските картички.

Door Cloud – Интелигентен систем за контрола на пристап во облак
Door Cloud е иновативно решение на подрачјето на контролата на пристап во облак, кое овозможува отворање на вратите со помош на мобилен телефон. Во апликацијата Door Cloud може да ја одберете вратата која сакате да ја отворите и апликацијата вашето барање го испраќа до контролерот кој ја отвара вратата – се разбира доколку имате доделени пристапни права. 
Мобилен пристап со помош на HID апликација
HID Mobile Access е мобилна апликација интегрирана со системот Time&Space. Влезот во зградата или просторијата се овозможува со лесно завртување на мобилниот телефон во вашата рака во близина на уредите. Физичката сигурност се обезбедува со помош на уникатна лозинка која ја внесувате во телефонот и слободно можете да заборавите на опасноста од фалсификувани картички. 
30+
години искуство
1.000.000+
корисници
30+
земји каде што сме присутни
3.000+
имплементации на системот Time&Space
Ефективна интеграција со напредни системи за контрола на пристап
Интеграција

Ефективна интеграција со напредни системи за контрола на пристап

Time&Space вклучува пакети за развој на програмска опрема и програмски interface- и, кои овозможуваат максимално ниво на интеграција, како за контролата на пристап (SpaceAPI), така и за евиденцијата на работното време (TimeAPI). 

Millestone интеграција
Заради брзиот технолошки развој, интеграцијата помеѓу контролата на пристап и видео надзорот е посебно значајна. Time&Space поддржува интеграција со водечкиот систем за видео надзор XProtect.
Aperio интеграција
Електронските брави Aperio® нудат високо ниво на физичка сигурност. Овозможуваат брзо менување на пристапните права и токму затоа се посебно соодветни за средини во кои многу често се менуваат правата на пристап за одредени простории. 
Технологија

Со соодветна технологија ќе управувате со бројни пристапи

Најголем предизвик кај контролата на пристап е управувањето. Честопати се случува, по одредено време управувањето со системот да стане вистински предизвик заради комплексноста на пристапните права и бројните исклучоци. Во овие ситуации, вистинскиот одговор е соодветна технологија.

Контролери Zone Access


Контролери Zone Access

Zone Access е интелигентен контролер кој е целосно прилагоден на програмската опрема Time&Space и претставува идеално решение за контрола на пристап во сите ситуации, без оглед на бројот и распоредот на вратите во системот.

преземете ја брошурата
Брави Assa Abloy Aperio

Брави Assa Abloy Aperio

Time&Space нуди два начина на интеграција со безжичните брави Aperio. Интеграцијата преку контролерите Zone Wing овозможува автоматска online синхронизација со дефинираните права на контрола на пристап и можат да работат offline . Интеграцијата преку Aperio IP hub функционира само во online начин.

преземете ја брошурата
HID мобилен пристап

HID мобилен пристап

HID Mobile Access е мобилна апликација интегрирана со системот Time&Space. Влезот во зградата или просторијата се овозможува со лесно завртување на мобилниот телефон во вашата рака во близина на уредите. Физичката сигурност се обезбедува со помош на уникатна лозинка која ја внесувате во телефонот.

Што можеме да направиме за вас?

Секоја компанија има свои потреби и барања. Заедно можеме да најдеме вистинско решение кое ќе ви помогне да ги реализирате своите цели а притоа да не ги надминеме вашите финансиски рамки.

Сакам термин за состанок