Choose languageLanguage

Означување и следење на артикли за поголема ефикасност во синџирот на снабдување

Со решението Frontman LMS дигитализирајте го целиот процес на означување и подобрете ја ефикасноста во синџирот на снабдување.  

Многу успешни компании ни веруваат

Предностите кои ги носи дигиталната трансформација на означувањето
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ

Предностите кои ги носи дигиталната трансформација на означувањето

Со решението Frontman LMS, системот за управување со означувањето и следењето на артиклите преминува од технолозите и информатичарите кај деловните корисници. Со дигитализацијата на процесот, вработените од техничките оддели ќе се насочат кон други работни задачи, а деловните корисници побрзо ќе се прилагодат кон барањата за подготовка на етикетите. На крајот, не помалку значајно, се постигнува поголема прецизност во работата и се овозможува целиот процес да се одвива со што помалку грешки, што е во интерес на сите што се вклучени во синџирот на снабдување, а посебно за крајните корисници. 

Помали трошоци
Централизираното управување и шаблоните на етикети овозможуваат поедноставување на деловните процеси, а тоа ја намалува потребата од дополнителни IT лица. Доколку се одлучите за моделот SaaS, потребата за дополнителен кадар е уште помала. 
Помал број грешки
Однапред дефинираните шаблони на етикети оневозможуваат промени во нагодувањата и обезбедуваат единствени етикети во целата организација. 
Зголемување на продажбата
Системот на означување овозможува побрза испорака на артиклите со етикети, што значи забрзување на процесот на пласман и полесно исполнување на барањата на купувачите. 
Загарантиран квалитет
Документацискиот систем обезбедува усогласеност и точност на податоците, а со тоа и стандардизиран квалитет на услугите, со што ја унапредувате својата репутација кај корисниците.  
Интеграција на податоците
Поврзувањето помеѓу LMS системот и деловните информациски системи овозможува автоматска размена на податоците без грешки. 
Сите компоненти на системот  за означување
ОПИС НА РЕШЕНИЕТО

Сите компоненти на системот за означување

Со решението Frontman LMS ќе овозможите дигитална трансформација на вашиот систем за означување. На тој начин ќе постигнете целосна контрола над постапката на означување, ќе ја намалите можноста за грешки и ќе ја зголемите ефикасноста на вработените. Frontman LMS е целосно решение кое вклучува програм за дизајнирање етикети, документациски систем за етикети, алатка за изработка на апликации за печатење, како и систем за печатење и организација на промените. Оптималната работа на системот обезбедете ја со соодветен потрошен материјал и превентивни прегледи на опремата. 

ТЕХНОЛОГИЈА

Можности за воведување на системот за означување

Frontman LMS како SaaS

Frontman LMS како SaaS

Услугата е достапна во три верзии кои се наменети за компании со различна големина. Разликите се состојат во начинот на управување со документите, можноста за поврзување со другите деловни системи и според видот на поддршката. 

Frontman LMS на ваша локација

Frontman LMS на ваша локација

Frontman LMS во Enterprise и Pro верзија се инсталира на IT инфраструктурата на купувачот. Разликата помеѓу овие две верзии е во можноста за поврзување со други деловни системи и во управувањето со документите. 

Со напредна опрема до оптимални резултати

Опремата која се користи за означување и следење на артиклите мора да биде прилагодена на производствените средини и складиштата и не смее да го попречува редовниот работен процес. Посебно внимание е посветено на безбедносниот аспект и практичната примена. Во можност сме да понудиме специјализирани мобилни компјутери, читачи и печатари на баркод, како и RFID опрема. Соработуваме со водечките производители на ваков тип опрема Zebra и Honeywell.

Мобилни компјутери

Мобилни компјутери

Мобилните компјутери (Windows/Android) се соодветни за работа во магацини, малопродажни објекти, како и за попис. Најчесто имаат вградена WiFi или GSM комуникација, овозможуваат читање на баркодови и RFID tag-ови.

Испратете барање
NiceLabel

NiceLabel

Соработуваме со Nice Label, водечки глобален понудувач на софтверски решенија за дизајнирање на етикети и означување, кој на компаниите им помага да ги зголемат квалитетот, брзината и ефикасноста на означувањето а истовремено да ги намалат трошоците.

Испратете барање
Печатари на етикети

Печатари на етикети

Нудиме различни видови термални печатари од водечките светски производители. Обезбеден сервис, поддршка и испорака на потрошен материјал. 

Испратете барање
Потрошен материјал

Потрошен материјал

Нудиме етикети и рибони за сите видови печатари од нашата понуда. 

Испратете барање

Што можеме да направиме за вас?

Секоја компанија има свои потреби и барања. Заедно можеме да најдеме вистинско решение кое ќе ви помогне да ги реализирате своите цели, а притоа да не ги надминеме вашите финансиски рамки.

Сакам термин за состанок