Choose languageLanguage

Технолошки напредно магацинско работење

Дигитализацијата на магацините со системот WMS овозможува подобра грижа за купувачите и подобра контрола на залихите.

Магацинско работење по ваша мерка
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ НА WMS

Магацинско работење по ваша мерка

Најголемата предност на решението за управување со магацини WMS е неговата прилагодливост. Секоја компанија има свој дефиниран работен процес кој зависи од индустријата, обемот и начинот на работење. Магацинското работење мора да биде прилагодено на тие процеси. Решението за управување со магацините Špica WMS содржи широк избор на функции за оптимизација на работните процеси во магацинот. 

Гласовно управување со магацинот
Едноставниот гласовен interface овозможува брзо и едноставно превземање на различните артикли. Системот е конципиран на тој начин што корисниците можат да се обучат за негово користење за само 2 часа , а истиот е достапен и на повеќе јазици.
Едноставна контрола над протокот на артикли
Овозможено е следење на залихите по различни параметри- по групи, серии и датуми. 
Интеграција со било кој ERP систем
Размената на податоци и интеграцијата со ERP системот овозможува подобра координација и контрола на процесот од влезот на артиклите во магацинот до испораката на крајниот корисник. 
Поддршка за e-трговија и производство
Модулите за e-трговија и производство овозможуваат специфични прилагодувања кои се потребни за секоја од овие форми на работење.  
Превземање на артикли по зони
Со издадената логистичка етикета се ограничува собирањето на артиклите во точно дефинирана зона. На тој начин се намалува времето потребно за собирање на одредени артикли и оптимизирање на рутите по кои се движат вработените.  
Систем за cross-docking
Системот за cross-docking го намалува неискористениот простор во магацинот и овозможува побрз пренос на артиклите до крајниот корисник. 
ПРЕДНОСТИ НА WMS

Дигиталниот магацин и задоволството на корисниците не можат едно без друго

Магацините опремени со напредни IT системи и опрема овозможуваат побрза обработка на нарачките и следење на артиклите од приемот на нарачката до испораката. 

побрзо превземање на артиклите 30%
поголема продуктивност во процесот на комисионирање  20%
помалку манипулативни задачи 30%
Информациска поддршка на магацинските процеси
ОПТИМИЗАЦИЈА НА МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

Информациска поддршка на магацинските процеси

За оптимално функционирање на магацинот клучен елемент е информациската поддршка на магацинските процеси. Во рамките на нашите проекти се трудиме да го олесниме управувањето со магацинот, да ги намалиме трошоците за залихи и оперативните трошоци , а на раководството да му овозможиме увид во она што се случува и воведување на целосна следливост на артиклите. На тој начин, го оптимизираме магацинското работење и комисионирање во магацини со различна големина. 

Опрема за магацинско работење

Севкупното решение Špica WMS вклучува и можност за набавка или наем на опрема за магацинско работење. Соработуваме со водечките производители на баркод читачи, мобилни компјутери и печатари на етикети.  

Мобилни компјутери

Мобилни компјутери

Мобилните компјутери (Windows/Android) се соодветни за работа во магацини, малопродажни објекти, како и за попис. Најчесто имаат вградена WiFi или GSM комуникација, овозможуваат читање на баркодови и RFID tag-ови.

Испратете барање
Баркод читачи

Баркод читачи

Баркод читачите овозможуваат брзо и сигурно читање на 1D или 2D баркодови. Одбирате помеѓу баркод читачи со различна оддалеченост на читање, со различен облик и робусност. За непречена работа во магацинот на располагање се и безжични читачи. 

Испратете барање
Печатари на етикети

Печатари на етикети

Клучен елемент на магацинското работење е печатарот на етикети. Нудиме различни видови термални печатари од водечките светски производители. Обезбеден сервис, поддршка и испорака на потрошен материјал.  

Испратете барање
Потрошен материјал

Потрошен материјал

За сите печатари од нашата понуда нудиме испорака на етикети и рибони. Потрошниот материјал е потврден од страна на производителите и на печатарот му овозможуваат долг животен век и пониски трошоци на печатење. 

Испратете барање

Што можеме да направиме за вас?

Секоја компанија има свои потреби и барања. Заедно можеме да најдеме вистинско решение кое ќе ви помогне да ги реализирате своите цели а притоа да не ги надминеме вашите финансиски рамки. 

Сакам термин за состанок